1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ

Во рамките на реализација на Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2018 година, Координаторот на стручната служба на Советот со соработниците Светлана Ѓорѓиевска и Марија Кузманов присуствуваа на последниот циклус на часови за 2018 година во организација на Иститутот на овластени ревизори на Република Македонија. Истата се одржа на 28, 29 и 30 ноември 2018 година во Холидеј Ин – Скопје.

1

На обуката присутните од Советот ги следеа следните теми:

  1. МСФИ 16 – Наеми,
  2. Предизвици во супервизијата на друштвата за осигурување,
  3. Како автоматизираниот процесможе да помогне за подобрување на процесот на ревизија?
  4. Дигитализација и ревизија ,
  5. Актуелни прашања во ревизијата од аспект на регулаторните тела и други релевантни институции – Панел дискусија,со претставници на регулаторите:НБРМ,КХВ,АСО.МАПАС,МБ и ЦРРМ.
  6. Како автоматизираниот процес може да помогне за подобрување на процесот на ревизија?

Координаторот на Дирекцијата за истражување и развој при АСО, д-р Дарко Блажевски кој е воедно и в.д член на Советот имаше сеопфатна презентација на измените во Законот за супервизија на осигурување , на новите подзаконски акти на Агенцијата и предизвиците кои претстојат со транспонирање на Директивата Солвентност 2 и примена на МСФИ 17.

2

Особено внимание и интерес кај присутните предизвика презентацијата на тема Дигитализација и ревизија, од страна на Драган Давитков, овластен ревизор од Друштво за ревизија Прајсвотерхаус куперс Ревизија ДОО Скопје, кој беше член во предходниот состав на Советот за унапредување и развој на ревизијата на Република Македонија.

3

На панел дискусијата со претставници на регулаторите како претставник на НБРМ учествуваше в.д. членот на Советот д-р Илија Андовски. Панел дискусијата беше можност присутните да се запознаат со значењето на ревизијата во остварување на мисијата на регулаторните тела и институции кои ги претставуваа.Членот на Советот Благоја Христов се приклучи во следењето на панелот.

4

За прв пат на КПУ , во завршниот дел со своја презентација учествуваше и студент од трета година на Департман Сметководство и ревизија на Економски факултет – Скопје при Универзитетот " Св. Кирил и Методиј " во Скопје, Адријана Димитриевиќ.

Календар на настани

Февруари 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 1 2 3

Најнови вести

Работен состанок на СУНРРМ…

Работен состанок на СУНРРМ

На 12.02.2019 година, на иницијатива на…

Повеќе...

Прва конференција на СУНРРМ…

Прва конференција на СУНРРМ

На 12.12.2018 година, СУНРРМ одржа прва…

Повеќе...

Соработка со регулаторно тело од Црна Гора…

Соработка со регулаторно тело од Црна Гора

На 27.11.2018 година во рамките на Минис…

Повеќе...

Присуство на Министерска конференција…

Присуство на Министерска конференција

Во период од 26.11.2018 до 30.11.2018 го…

Повеќе...

Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ…

Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ

Но рамките на реализација на Годишната п…

Повеќе...