1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Посета на друштвото за ревизија ЕРНСТ И ЈАНГ – овластени ревизори ДОО Скопје

Вториот ден од посетите, на 03.04.2019 година, претставниците на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија во состав Премтим Исени – претседател на Советот, Дафина Талева Хаџи Васкова – координатор на стручната служба, Светлана Ѓорѓиевска – соработник и д-р Дарко Блажевски – член на Советот, остварија посета на друштвото за ревизија ЕРНСТ И ЈАНГ – овластени ревизори ДОО Скопје. Овластените ревизори, Владимир Соколовски и Даница Ганчева дадоа свои согледувања во однос на прецизирање на одредени законски решенија во Законот за ревизија. Посебно, беше нагласена потребата од градација на дисциплинските мерки за друштвата за ревизија во Законот за ревизија, како и јасно дефинирање на правните лица од јавен интерес, соработка со образовните институции и сл. Исто така, беше нагласен и фактот дека се загрижени од намалениот интерес кај младите за ревизорската професија. Претставниците од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија истакнаа дека вложуваат напори за унапредување и промовирање на професијата, со што ќе се зголеми заинтересираноста на пазарот на труд за избор на оваа професија.

Календар на настани

Април 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Најнови вести

Присуство на настан на Централен регистар…

Присуство на настан на Централен регистар

Претседателот на Советот за унапредување…

Повеќе...

Работен Состанок со претставник на Светска Банка…

Работен Состанок со претставник на Светска Банка

На ден 04.04.2019 година (четврток) во п…

Повеќе...

Работен Состанок со претставници на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје…

Работен Состанок со претставници на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје

На ден 08.04.2019 година (понеделник) во…

Повеќе...

Посета на друштвото за ревизија КПМГ Македонија ДОО Скопје…

Посета на друштвото за ревизија КПМГ Македонија ДОО Скопје

Во рамките на посетите на друштвата за р…

Повеќе...

Посета на друштвото за ревизија ЕРНСТ И ЈАНГ – овластени ревизори ДОО Скопје…

Посета на друштвото за ревизија ЕРНСТ И ЈАНГ – овластени ревизори ДОО Скопје

Вториот ден од посетите, на 03.04.2019 г…

Повеќе...