1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Работен Состанок со претставници на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје

На ден 08.04.2019 година (понеделник) во просториите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Претседателот на Советот, Премтим Исени, одржа работен состанок со претставници на ЕУ Делегација - Канцеларија Скопје.

На состанокот покрај претседателот на Советот, присуствуваа Фрејк Јанмат, Ракободител на Сектор за економски прашања, градење на институции, прекугранична соработка и Константин Јовановски – програмски офцер од оперативен сектор, претставници од ЕУ Делегација - Канцеларија Скопје, и Илија Андовски, Анета Трајаноска, Николаки Миов и Благој Христов, членови на Совет, и Владо Митев, соработник за меѓународна соработка и развој во Стручната служба на Советот.

Претседателот на Советот го запозна претставниците на ЕУ Делгација – Канцеларија Скопје со улогата и значењето на Советот како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија. Претставниците беа запознаени и со активностите на новиот состав на Советот.

Членовите на Советот ги информираа претставниците на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје за предлог Проектот на тема “Понатамошно спроведување на ЕУ Регулатива и Директива за ревизија во Република Северна Македонија”.

Беа дискутирани начини и можности за спроведување на Проектот.

Претставниците на Советот и ЕУ делегацијата се договорија за уште еден состанок за финализирање на Проектот.

Календар на настани

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Најнови вести

Посета на друштвото за ревизија “Б и Љ” и посета на овластениот ревизор – трговец поединец “ТП Ревизија Чулева”…

Посета на друштвото за ревизија “Б и Љ” и посета на овластениот ревизор – трговец поединец “ТП Ревизија Чулева”

Советот продолжи со реализација на Плано…

Повеќе...

Извештај за Напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година…

Извештај за Напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година

На ден 29 мај 2019 година Европската ком…

Повеќе...

Работен Состанок со Управен одбор на ИОРРМ…

Работен Состанок со Управен одбор на ИОРРМ

На 06.06.2019 година во просториите на С…

Повеќе...

Континуирано професионално усовршување…

Континуирано професионално усовршување

Во рамките на остварувањето на една од н…

Повеќе...

Посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје…

Посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје

Претседателот на Советот - Премтим Исени…

Повеќе...